Терористите во безизлезна ситуација: Исламската држава започна ненадејна контра-офанзива во Мосул

ПИШУВА: ТОЧКА

Неколку групи на исламистите предизвикаа паника меѓу жителите на два кварта од каде што владините сили пред неколку дена ја истераа Исламската држава.

Ирачките сили во градот Мосул се борат да ги потиснат трупите на Исламската држава кои што извеле „смртоносна“ контра-офанзива во два градски квартови, соопштија од ирачките безбедносни сили и нивните коалициони партнери кои што се борат против џихадистите.

Со нападот кој бил изведен доцна навечер во неделата, неколку групации на џихадистичката организација предизвикале голема паника меѓу жителите, на местото од каде што само неколку седмици претходно биле истерани од ирачките вооружени сили.

Според некои тамошни невладини организации, во контра-нападот загинале неколку цивили, а од ирачката армија тврдат дека во пресметките биле убиени од 15 до 20 џихадисти на Исламската држава. Сега, ирачките сили претресуваат куќа по куќа, изјави генерал Абдевахаб ал Сади, додека, како што изјави, две групи на Исламската држава и натаму се во западниот дел на Мосул кој што беше превземен од ирачката армија во април оваа година.



Локалните власти тврдат дека Исламската држава меѓу цивилното население има свои „заспани терористички ќелии“ кои што се подготвени за ненадејни напади каков што бил тој доцна во неделата, додека пак главната група на џихадистите се обидува да ги задржи своите позиции во Стариот град каде што долго време се водат интензивни борби.

Ирачките сили од 18-ти јуни водат тешки борби за враќање на контролата над Стариот град во Мосул. Станува збор за исклучително густо населена област со тесни улици. Таму ирачката армија бавно напредува куќа по куќа, затоа што оклопни возила не можат да влезат во тесните улици. Токму таму се сместени најутврдените дефанзивни позиции на ИСИС.

Битката за ослободување на Мосул, ирачката армија ја започна на 17-ти октомври минатата година, а дури кон крајот на јануари ирачките сили го направија првиот позначаен чекор - го вратија под своја контрола источниот дел од овој град на северот на Ирак, низ кој што тече реката Тигар.



Дури на 19-ти февруари оваа година ирачките сили започнаа офанзива за заземање на западниот дел од градот, со голема поддршка која што ја добиваат од од силите на меѓународната Анти-ИСИС коалиција предводена од Соединетите Американски Држави.

Како што пренесуваат бројни невладини организации, како последица на битката за ослободување на Мосул, но и опкупацијата од Исламската држава која што му претходеше, над 800 илјади жители на овој ирачки град се раселени.

No comments

Powered by Blogger.