Иран ја потврди смртта на лидерот на ИСИС, Багдади - Ирански медиум објави и фотографии

ПИШУВА: TOЧКА

Иранска телевизија објави снимки за коишто се тврди дека ја потврдуваат смртта на челникот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

По соопштението на руското министерство, медиумите повеќе пати ја пренесоа информацијата дека лидерот на Исламската држава е мртов, но оваа информација не беше официјално потврдена.

Претставникот на врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи во специјалните сили на Револуционерната гарда на исламската револуција изјави дека тој не се сомнева дека терористот ал-Багдади е мртов.

Иранската телевизиска корпорација IRIB објави четири фотографии, две претходно на Абу Бакр ал-Багдади и две од тело на маж кој личи на него. Официјална потврда на оваа информација засега нема.



Претходно во јуни руското министерство за одбрана објави дека постојат информации дека лидерот на Исламската држава е можеби убиен во воздушен напад на 28 мај на руската авијација на јужната периферија од сирискиот град Рака. Во овој напад биле убиени речиси 300 џихадисти.

Пентагон, исто така, соопшти дека не располага со потврда на таквите информации.

No comments

Powered by Blogger.