Секси и смртоносни: Четири нарко-кралици кои крваво се избориле за својот престол

ПИШУВА: ТОЧКА

Според проценките на полицијата и безбедносните служби, бројот на жените во нарко-картелите пораснал во последните три години за околу 400 проценти, а добар дел од нив ги наследиле своите убиени мажи на нивните места во криминалните организации. Жените не се само на високи позиции, туку често и самите ги вршат валканите работи.

Гриселда Бланко - Црна Вдовица 

Се што прави мажот, жената може подобро - бидејќи пострастна, е една од изјавите на оваа Колумбијка која застанала на чело на еден мафијашки картел кон средината на 80-тите, кога со Мајами владеела таканаречена "кокаинска грозница". Гриселда била склона кон криминал уште од детството - веќе на 11-години киднапирала едно дете, а патот ја одвел во САД, каде станала организатор на мрежа која го носела кокаинот од Колумбија и го растурала во Америка. Поради тоа, покрај прекарот Црна Вдовица, го добила и прекарот "кума на кокаинот".

Во своето златно време Гриселда заработувала и по 8 милиони долари месечно, а до култниот статус дошла благодарение на својата суровост во бизнисот. Се претпоставува дека е одговорна за повеќе од 200 убиства, а полицијата ја уапсила во 1985. година. По 10 години минати во американските затвори, депортирана била во Колумбија. Умрела во 2012. година во улична престрелка во Меделин, родното место на Пабло Ескобар.

Енџи Санслементе Валенсиа

Исто така Колумбијка, во јавноста станала позната кога победила на еден од тамошните избори за мис. Работела како фотомодел за долна облека. Но, титулата мисица и била одземена два дена по освојувањето, бидејќи било откриено дека, спротивно на правилата, била мажена. Ни во бракот не и одело, па завршила во врска со еден од лидер на мексикански картел, со прекар Чудовиште.

Тој ја научил да работи и ја вовел во бизнисот, а кога раскинале, одлучила да започне сопствен бизнис со дрога. Тоа добро и одело, па без проблеми ја пренесувала дрогата од Аргентина во Англија, преку модели кои работеле во нејзината модна агенција. Сепак, среќата и го свртела грбот. Една од манекенките била фатена во шверц и ја разоткрила својата газдарица, па Енџи завршила во затвор во Аргентина. Три години подоцна, била депортирана во Колумбија.

Ана Виолета Нориега Риос

Попозната меѓу своите сонародници како Кралица на злосторствата или Убавица, веќе со години на листите на најбарани криминалци од Северна и Централна Америка, а во Лос Анџелес била уапсена сосема случајно, во изнајмен стан во Ел Монте. Риос била шеф за достава на нарко-картелот Ла Фамилиа во САД, и била одговорна за организација и надзор на продажбата метамфетамин, марихуана и кокаин на подрачјето на САД.

Сандра Авиља Белтран

Таа била една од првите жени кои се пробиле во матните води на нарко-бизнисот, а својата работа го заслужила прекарот "Кралица на Пацификот". Таа била врската помеѓу две озлогласени картели - мексиканскиот Синалоа и колумбискиот Норте дел Вал, па тоа го работела дипломатски и одлучно.
Колку била водена од својата цел зборува и фактот дека се мажела два пати, а во двата случаи нејзини сопрузи биле корумпирани полициски службеници, кои ги завела со пари. Но, и двајцата завршиле на ист начин - со смрт под неразјаснети околности.

No comments

Powered by Blogger.