Нема изговори: Вежбајте додека лежите, гледате серии или чистите

Мислите дека не можете да правите вежби додека гледате серии, лежите на кревет или чистите со правосмукалка? Летото е во полн ек. Не можете веќе да се „вадите“ на изговорот дека немате време.

Пишува: Црнобело

Многу е лесно и едноставно, а навистина делува. Еве како:

Додека лежите во кревет, истегнете го целото тело, слично како мачките за да го разбудите. Потоа, со свиткани колена подигнете ги колковите и грбот за да направите рамна линија од рамената до колената.

Додека го правите кафето, раширете ги стапалата во ширина на колкови и истегнувајте се со рацете нагоре.

Додека разговарате на телефон, станете или одете.

Додека чистите со правосмукалка, правете исчекори нанапред.



Само 30 секунди во денот правете боксерски потези со рацете. Ова е добро за обликување на рацете и намалување на стресот.

Додека седите во канцеларија, истегнете ги мускулите на задниот дел од бутините така што ќе седнете на работ на столот и ќе ги испружите нозете напред, со исправен грб околу 15 секунди.

Додека си правите фризура, направете неколку чучнувања.

Користете скали, наместо лифт.

No comments

Powered by Blogger.