Нацистите тука сокриле милијарди во злато: Седум луѓе потрагата по тоа богатство ја платиле со живот

Пишува: Точка

Лидерите на Третиот Рајх наводно фрлиле сандаци со злато во езерото Топлиц во Австрија, во последните денови од Втората светска војна. Најмалку седум лица загинале во обид да дојдат тоа сомнителното складеште закопано во кал на 103 метри под површината.

Нацистички артефакти биле откриени во длабочините - но ловците на злато веруваат дека уште многу чекаат да бидат откриени. Хитлер наводно имал околу 35 милијарди долари вредно богатство сокриено ширум Европа. Тоа богатство само чека да биде најдено.

Хитлер и неговите соработници лично земале уметнички дела и богатство ширум континентот - претворајќи ги во богатство на Третиот рајх. Исто така, краделе прстени, накит и други драгоцени предмети од луѓето осудени во концентрационите логори.

Но, голем дел од украденото никогаш не било пронајден, и се верува дека поголем дел би можел да лежи во езерото Топлиц. Австриското езеро - длабоко во шума на 61 километар од Салцбург - служело како нацистичка база во текот на Втората светска војна.

Нацистичките шефови фрлале скапоцености во мрачните води, додека бегале од сојузничките авиони.

СС возила со големи сандаци биле забележани кај езерото во мај 1945. година.

Нацистичкиот СС офицер Ернст Калтенбрунер наводно помагал во организирање на криење на златото во Топлиц. Бил задолжен за последните СС трупи додека Третиот рајх се распаѓал.

Неговиот внук Мишел излегол со информации и кажал дека "гарантира дека има многу злато и огромно богатство" на дното на езерото. Меѓутоа, Калтенбрунер бил убиен во 1946. година - и сите тајни ги одвел во гроб.

Албрехт Син, чие семејство поседува ресторан кај езерото, добро ја познава оваа легенда.

"Десетина локални луѓе тврдат дека во Топлиц се сокриени голем број на сандаци во последните денови од Втората светска војна. Од тогаш се повторуваат шпекулациите дека тие кутии ги содржеле последните златни резерви на Третиот рајх. Во текот на годините некои ловци на злато платија со своите животи за да ги пронајдат. Нуркањето во езерото е забрането", вели Син.

Во Топлиц биле откриени 100 милиони фунти во банкноти - кои биле дел од Операцијата Бернхард, со која нацистите се обиделе да ги дестабилизираат Британија и САД.

Нуркачите веруваат дека би можело да има и поголемо богатство во езерото - вклучувајќи и нацистичко злато.

No comments

Powered by Blogger.