Актерот го допрел дното: Прво се разболел, потоа заразил и други, а сега ги наплаќа автограмите и нема пари ниту да преживее

ПИШУВА: ТОЧКА

Откако објави дека има ХИВ и дека е во тој период, со својата немарност заразил уште неколку девојки - на актерот Чарли Шин очигледно му се рушат соништата.

Поради неговото недолично и ноншалантно однесување пред сè, а потоа и поради неговата болест, на актерот никој не му нуди нови улоги па со текот на времето полека банкротирал. Сега заработува на тој начин што на фановите им ги наплаќа автограмите и бара пари за секое појавување во јавноста.


Некогаш Чарли Шин за снимање на серијата "Two and a half man" заработуваше по 1,5 милиони евра неделно, а сега ги распродава и сувенирите од својата безбол колекција меѓу кои е и прстенот на легендата на овој спорт Babe Ruth. Иако неговата вредност 13 милиони долари, Шин го продава за четири пати помала вредност.





На сета мака, поранешната девојка на Чарли го тужи дека ја изложил на ХИВ заразата. Тужителот, идентификуван како Џејн До - неговата поранешна девојка, тврди дека Шин ја убедил дека тој е "сосема здрав" кога таа го прашала дали има билокакви сексуално преносливи болести и дека таа треба да "му верува".

No comments

Powered by Blogger.