А на Крит од екстремно високите температури се топи и бетонот...

ПИШУВА:  Toчка

Една улица во Ретимно на Крит започнала буквално да се “топи” како резултат од екстремно високите температури коишто го погодиле и овој остров.

Летото оваа година започна навистина ударно, а тоа најдобро го почувствувале жителите на Крит. Токму на овој остров, на периферијата на Ретимно, асфалтот буквално започнал да се топи, а возачите пак буквално “едрат” по бетонот.

Жителите на ова предградие сега живеат со страв дека оваа вонредна состојба ќе предизвика и поголеми незгоди, а освен тоа, асфалтот се топи и под нозете на пешаците, па обувките се лепат за бетонот.

Од друга страна, во воздухот во текот на изминатите неколку денови се чувствувал и мирис на испарувања од катран, а постои и голема опасност и за мотоциклистите поради браздите во бетонот коишто во текот на вечерните часови се стврднуваат и прават патиштата да бидат нерамни.

Погледнете:

No comments

Powered by Blogger.