Научниците шокирани откако откриле Абориџини австралијанци кои носат днк од непознат "човечки" вид

Пишува: Точка

Според истражувачите и научниците, човечките племиња кои мигрирале од Африка пред околу 55.000 илјади години се измешале со група на луѓе кои се уште не се идентификувани од науката.

Добро утврден факт е дека современата човечка раса влече корени од Африка пред околу 150.000 до 200.000 години. Она што сè уште претставува жестока дебата помеѓу научниците е како сите тие племиња на луѓе излегле токму од Африка и го населиле речиси секој агол на планетата?

Речиси целата човечка популација надвор од Африка потекнува од историски егзодус од овој континент кој се случил пред 40.000 до 70.000 години. Сепак, новите археолошки наоди тврдат дека егзодусот се одвивал многу порано од тоа, пред околу 100.000 години.

Денес имаме научен начин за откривање дали оваа миграција од Африка се случила во еден голем бран или неколку бранови и исто така дали овие луѓе се мешале со друга гранка на луѓе попатно. Ова можеме да го откриеме преку анализа на генетската структура на современиот човек.



"Нашата главна цел е да разбереме како нашата раса дошла до оваа точка каде што е денес и поради тоа мораме прво да ја проучуваме ДНК-та на античките племиња", објаснува Малик Свапан, директор на биоинформатиката на Медицинскиот факултет во Харвард.

Др. Свапан исто така е водечки автор на три пробивни студии за човечкиот геном кој одигра клучна улога во нашата потрага по откривање на целосното потекло на човечката раса.

Овие студии се состојат од широк спектар на информации за човечкиот геном, собрани од недопроучени како и исчезнато групи на луѓе ширум планетата. Тие вклучуваат 787 различни генетски анализи собрани од 280 различни популации и досеа се сметаат за најопсежна студија од овој вид.

Нова гранка на човечки вид?

Конечната истрага на насобраниот човечки геном доведе до заклучок дека современите Абориџини австралијанци можат да носат докази во нивната ДНК за мешањето со непозната гранка на човештвото. Нов вид. Научниците дури и отворено признаваат дека не знаат кои се овие луѓе ниту пак од каде доаѓаат.

Поранешните археолошки истражувања им помогнаа на научниците да ги откријат остатоците од коските од она за кое се верува дека се изумрени човекови видови во Денисовата пештера во Сибир. ДНК анализите заклучија дека овие т.н. "Данисовани" (/Denisovians) се поврзани со Неандрталците но генетски исто толку оддалечени од нив колку Неандрталците од луѓето.




Понатамошните истражувања ги навеле научниците погрешно да веруваат одреден временски период дека "Denisovians" ја ширеле својата ДНК низ добар дел од популацијата во Пацификот. Со текот на времето, научниците се тргнале од овој заклучок и утврдиле дека има сличности меѓу Данисовата ДНК и ДНК пронајдена на неколку локации во Пацификот, но сепак, не била нивната.

Конечниот заклучок е дека доминантната ДНК за мкоја се зборува всушност му припаѓа на нова гранка на човештвото, која е сè уште непозната за истражувачите.

Научниците исто така констатирале дека Абориџини австралијанци се една од најстарите популации на планетата и останале населени во истата област дури 50.000 години.

"На почетокот, големото прашање беше дали Абориџини австралијански племиња ги создале првите луѓе кои од Африка се преселиле во Австралија. Но по неколкугодишни обемни студии можеме безбедно да заклучиме дека ДА, Абориџините австралијанци потекнуваат од првите луѓе кои го населиле континетот Австралија. Нивното присуство на оваа земја може да се следи околу 50.000 години наназад."

Изненадувачки, ова е прв пат човечкото потекло и генетска разновидност на Австралија да биде толку детално и темелно проучувана и до тој степен.




"Поради своето 50 милениумско присуство на континетот, геномот на Абориџини австралијанци е генетски многу разновиден. Можеби се прашувате колку различни тие би можеле да бидат со оглед на тоа дека геномот настанал на ист континет, а потоа се префрлил на друг континет и тука поминал толку долго време? Но размислете за ова: генетските потписи на Абориџини австралијанци од источна Австралија и од западна Австралија се подеднакво различни како на личност од Европа со личност од Азија."

No comments

Powered by Blogger.