Ужасни сцени: Маж ја фатил сопругата со љубовникот, па ги претепал додека неговите пријатели снимале

 Пишува: Точка

Страшната видео снимка која се појавила на социјалните мрежи, прикажува маж од Кина како го гази, а потоа и напаѓа неименуваниот човек откако ја фатил сопругата во неверство, јавува "Daily Mail".

Снимката која е прегледана повеќе од милиони пати во Кина се верува дека е забележана во провинцијата Гуангдонг, и дека е снимена од пријателите на изневерениот сопруг.
Тоа што изненадило многумина е фактот што жената се обидувала да го заштити љубовникот, често поставувајќи се меѓу него и ударите.
Нервозниот сопруг дури и ја удрил со шипка во грбот, а неговите пријатели го нападнале мажот со кој била фатена. На крајот од снимката, која од очигледни причини била скратена, жената е одвоена на страна, удирана со нога во глава и гради, додека останатите ја снимаат.
Видео снимката била испратена со поделени реакции на кинеските социјални мрежи, па така повеќето искажале жалење кон сопругата, некои го поддржале изневерениот сопруг, а некои дури и го пофалиле што ја земал работата во свои раце, пренесува Daily Mail.



Не е познато дали полицијата преземала нешто, ниту дали некој ќе сноси последици за овој напад.





Во Кина неверството не е злосторство казниво со закон.




No comments

Powered by Blogger.