Не барајте работа по секоја цена, пронајдете го животниот повик

За да можеме да си ги оствариме нашите соништа и желби, мораме да работиме. Постојат луѓе кои знаат да направат одличен баланс помеѓу работата и приватниот живот. Но, повеќето од нас треба почесто да се потсетуваме дека работиме за да живееме, а не живееме за да работиме.



Многупати досега сме ја слушнале приказната дека луѓето кои се соочуваат со смртта жалат за многу работи, но никогаш за тоа дека не посветувале доволно време на работата. Во животот е важно да најдете нешто што ќе ве исполни, нешто за кое сте родени и кое ќе го правите со вистинска страст.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да пронајдете што е тоа и да се обидете да го промените животот во таа насока.

Воспоставете рамнотежа

Како што поминува времето, станува сé потешко да воспоставиме јасна граница помеѓу приватниот живот и работата. Бркаме рокови и вон работно време, проверуваме мејлови, одиме на состаноци, сé со цел да имаме повеќе пари или поголем углед кој потенцијално значи и поголема плата.

Ако не уживате во она што го работите, многу е важно во останатиот дел од денот да се посветите на некое ваше хоби или интерес, без разлика дали тоа ви носи приходи или не. Чувството додека правите нешто во кое уживате ќе ве направи побогати од која било плата.
Пробувајте различни работи

Не се врзувајте само за една работа ако сé уште не сте сигурни што сакате. Работете на различни работни места и видете што е она што најмногу ве влече или барем што е она што никако не сакате да го правите. Не се плашете да експериментирате со нови нешта и кога станува збор за вашите интереси надвор од работата. Можеби имате некој скриен талент, а не сте свесни.
Избегајте од планот

Во животот скоро ништо не се одвива според претходно зацртан план и токму во тоа е убавото. Дозволете да се изненадите од ново настанатите ситуации, од што и да е- сигурно ќе се снајдете. Не поставувајте прецизни цели, оставете работите да течат спонтано.


Не ги слушајте другите

Немојте да го живеете животот само за да ги остварите желбите на вашите родители или вашиот партнер. Правете сами свои избори и носете одлуки кои самите ги сакате. Само така ќе можете да живеете во мир со самите себе.
Дружете со луѓе со слични интереси

Опкружете се со луѓе кои го вадат најдоброто од вас, луѓе со кои делите слични хобија или се интересирате за слични нешта. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија и меѓусебно ќе се охрабрувате за да може секој сам да си работи на својот сон.

М. В. | Црнобело

No comments

Powered by Blogger.