Хорор во Бутел: Си го убил внукот, ги застрелал сопругата и ќерката па се самоубил

Пишува: Точка

Осумдесет и четири годишниот П.Т., жител на скопската населба Бутел 1, попладнево околу 12Ч40 часот со огнено оружје пукал во својот дом и ги застрелал сопругата,нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил.

Полицијата го потврди инцидентот. Крвавата семејна драма се случила на улицата Хо-Ши-Мин.

Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, починал на лице место, а сопругата на скопјанецот и нивната 58-годишна ќерка во критична состојба биле префрлени во Ургентниот центар и се во животна опасност поради прострелни рани во главата.

Тие се префрлени на клиниката за реанимација - КАРИЛ, а во тек се подготовки за нивните оперативни зафати.

По пукањето, П.Т. (84) си го одзел животот.

No comments

Powered by Blogger.