Древни градови низ светот кои веќе не постојат

Честопати минатото си го замислуваме како нешто грандиозно, мистично, величествено, време во кое древните народи неуморно создавале и трагале.



За тоа како изгледал светот во минатото сведочат бројните археолошки откритија. Некои места останале до денес, некои сосема се измениле, а има и древни градови кои целосно се изгубени и повеќе не постојат. Погледнете дел од нив:
Клиф Палас - Колорадо, САД

Град во кој живееле индијански племиња од 900 до 1200 година од новата ера. Напуштен е во 1300 година, а археолозите го откриле дури во 1888 година, кога се утврдило дека ова е најголемата населба во карпа во Северна Америка.



Павлопетри - Грција

Павлопетри е град кој постоел од Каменото доба до 1000 година пред нашата ера и е место кое пружа одличен приказ на тогашниот живот. Градот бил потопен поради зголемување на нивото на морето.


Акротири - Санторини, Грција

Акротири, градот на островот Санторини е убав пример на умешноста на градителите од Минојската цивилизација во Грција.

Градот бил затрупан од вулканска ерупција во 1600 година п.н.е., но во 1967 година се откриени фрески кои припаѓале на тоа време.


Мачу Пичу - Перу

Мачу Пичу е еден од најпознатите изгубени градови. Се наоѓа на врвот на Андите, а им припаѓал на Инките кои го населиле некаде помеѓу 1450 до 1572 година. Шпанските освојувачи никогаш не го откриле, а во јавноста се открил дури на почетокот на 20 век.


Петра – Јордан

Градот кој се наоѓал во пустина имал голем број на жители, но бил уништен од земјотрес, па целото население се отселило од таму. Денес Петра е едно од најголемите археолошки наоѓалишта на Блискиот Исток, изграден во римски и грчки стил на архитектура.


Троја – Турција

Долго време се сметало дека Троја е мит, опеана во „Илијада“ на Хомер. Но, во 1871 година, Хајнрих Шлиман почнал со откопување и открил тврдина како што ја опишува Хомер. Шлиман открил и златен накит кој се верува дека бил на Елена, а сега е изложен во музејот на Пушкин во Русија.


Помпеја – Италија

Во 79 година од новата ера, Помпеја бил уништен од голема вулканска ерупција на Везув. За среќа, пепелот открил остатоци од древните градови. Денес, Помпеја е популарна знаменитост во Италија и туристичка дестинација.

No comments

Powered by Blogger.