Затегната во црвено и бесна, сама го напаѓа водениот топ: Оваа фотографија со девојка од Хамбург ќе стане историска

Пишува: Точка

Неверојатни фотографии константно пристигнуваат од Хамбург, каде продолжуваат протестите поради самитот Г20.

Самитот Г20 од денес би можел да го добие префиксот "историски", а тоа што се случува на улиците во Хамбург не е воопшто гламурозно и "розово". Станува хаотично...

Ова се случува далеку од светските моќници, политичките глави кои земале учество во веројатно најтензичниот форум уште од 2008. година.



Од минута во минута пристигнуваат се поалармантни фотографии од насилство од улиците на германскиот град, каде се собрале неколку десетици илјади демонстранти, а без конкуренција, овој момент делува најнеобично, а воедно и спектакуларно.

Полицијата ја испрскала девојката со солзавец во моментите го бесна се качила на оклопното возило.



Работеле и водените топови, а оваа храбра млада дама облечена во црвени кожни хеланки не се откажувала. Без маска, шлен, очила, се качила на врвот од возилото, пред да ја фатат полицајците со "фул" опрема.



Меѓутоа, фотографиите веќе биле направени. Останатото е историја.

No comments

Powered by Blogger.