Што не смеете да правите на прв состанок?

Повеќето работи кои не треба да ги правите на прв состанок се очигледни, но понекогаш, од возбуда или нервоза, може да оставите лош впечаток.



Избегнувајте ги следниве неколку работи и нема да згрешите.
Не носете премногу нападна шминка

Некои жени сакаат да претеруваат кога се во прашање состаноците. Сепак, дискретна шминка со која ќе ја истакнете природната убавина е најдобар избор.



Не се плашете од тишина

Сосема е нормално во текот на разговорот да настане тишина. Нека не ве фаќа паника. Веќе во следниот момент ќе најдете нешто за кое може да се зборува. А, и кој би сакал некој што зборува нонстоп? 
 
Не нарачувајте нешто многу скапо

Ако партнерот се понуди да плати, не значи дека треба да го нарачате најскапото нешто на менито. Бидете пристојни и нарачајте нешто со нормална цена.

Избегнувајте теми за политика

Разговорите за политички ставови и случувања оставете ги за друг пат. На првиот состанок би требало да разговарате за некои поедноставни и забавни теми.


Не заборавајте гума за џвакање

Пред состанокот, не јадете премногу зачинета храна, или храна со лук или кромид. За секој случај, секогаш имајте со вас гума за џвакање.

No comments

Powered by Blogger.