Интересот пред љубовта: Путин продава најдобро оружје на ривалот на својот најголем пријател

Пишува: Точка

Русија и Индија планираат да потпишат договор за испорачување на рускиот систем за против-воздушна одбрана "S-400 Triumph" до крајот на оваа година.

Како што пренесуваат руските медиуми, разговорите се водат интензивно за Њу Делхи да се подготви за преговори за договор.

"Се подготвува цела прграма во рамките на техничките услови од индиската страна. Ќе се обидеме да потпишеме оваа година", рекол генерал Александар Микхаев.



Овие преговори се случуваат во момент кога односите меѓу Кина и Индија се затегнати до точка на судир, бидејќи индиските војници минатата седмица ја минале границата и влегле во кинеско-тибетскиот автономен регион.

Кина бурно реагирала на инцидентот, а можело да се слушнат и остри зборови. Кина веќе со денови бара итно повлекување на индиските трупи од нејзината територија. Индиската страна изгледа нема намера да се повлече, поради што "Линијата на актуелна контрола" се нашла на сред воена состојба.



Така, со продажбата на еден од заштитните знаци на руската армија, "S-400", Русија ќе му направи услуга на ривалот на еден од своите најголеми сојузници. Како што вчера во Москва изјавил кинескиот претседател Кси Џингпинг, "од сите светски лидери, најдобри односи има со Путин". Во исто време и САД ја креваат соработката со Индија.

Сепак, сите експерти се согласуваат дека е малку веројатно дека инцидентот на границата ќе стана судир меѓу двете најмногубројни земји на планетата.



Како што пренесуваат индиските медиуми, вредноста на испораката на пет системи "S-400" од Русија ќе изнесува 5,5 милијарди долари.

No comments

Powered by Blogger.