Островот на смртта на кој туристите сѐ уште одат иако луѓето мистериозно умираат: Пронајдено тело на девојка со мистериозни угризи на него

ПИШУВА:  TOЧКА

Тајландската влада сака да ја прикрие стапката на смртност на странците кои доаѓаат во посета на островот.

Елиса Далеменш (30) беше пронајдена мртва на "островот на смртта" на Тајланд. Полицијата ја пронашла обесена, но мајката на несреќната девојка не им верува бидејќи ова е веќе седма жртва на озлогласениот остров.

Мајката одбива да ѝ верува на полицијата дека нејзината ќерка се обесила, таа смета дека некој друг е виновен за смртта на нејзината ќерка. Локалните жители наводно ја нашле "речиси до половина изедена од гуштер".

Таа била пронајдена мртва во џунглата на островот Кох Тао, осум дена откако изјавила дека се враќа во родниот дом во Белгија.



Елиса престојувала во здружение за јога и тантра на соседниот остров Кох Панган помеѓу патувањата низ Азија во последните две години. Елиса имала диплома по медицина од Европскиот институт за медицина во Брисел, а планирала да се врати дома во Белгија.

Телефонските записи покажуваат дека Елиса ја побарала мајка си на Скајп на 17-ти април, и се качила на Фери на 19-ти април но не е јасно зошто се симнала на Кох Тао наместо да продолжи на копно враќајки се дома.



Необичните умирања на Кох Тао станале најнормална работа, бидејќи седум туристи загинаа на овој мал остров во рок од три години.

Тајландската влада се обидувала да ја прикрие смртта на странците кои го посетуваат островот.

Мишел, мајката на несреќната девојка, вели дека смртта на нејзината ќерка ќе остане незабележана.

"Не верувам во тоа што ни го кажа полицијата. Се плашиме дека некој друг бил замешан во сето ова. Се повеќе и повеќе сум убедена дека полициските информации не се вистинското објаснување", изјавила мајката, а пренесува Mirror.



Мајката додала дека ѝ ветиле обдукција на телото но телото се уште не е испорачано кај неа.

Пожар, кој никако не може да се објасни, целосно изгорел три куќи од бамбус, вклучувајќи ја и куќата на Елиса. Елиса избегала 2,5 километри до џунглата и изнајмила соба во "Poseidon Resort", од каде резервирала уште една карта за Бангкок за 24-ти април.

Осум дена подоцна, локалните жители кои живеат во близина на идиличниот залив Таноте го пронашле телото на Елиса меѓу камења зад “Tanote Family Bay Resort” следејќи гуштер кој се појавувал па пак се враќал.



Мајка ѝ вели дека не добила ниту фотографии од нејзината ќерка кога таа била откриена од полицијата како наводно виси на дрво обесена- нешто што е многу невообичаено со оглед на тоа дека редовна постапка е да се земат докази.

No comments

Powered by Blogger.