Бизарната смрт на француска фитнес блогерка: Во рака ѝ експлодирал шлаг диспензер удирајќи ја во гради и предизвикувајќи срцев удар


ПИШУВА: ТОЧКА

Атрактивната фитнес блогерка почина од срцев удар откако во раце ѝ експлодирал диспензерот за шлаг, семејството ја оплакува нејзината ненадејна смрт.

Ребека Бургер, 33, доживеала срцев удар откако била погодена во градите од диспензер на шлаг во нејзиниот дом во Франција.

Вознемиреното семејство на Ребека ја објавило фотографијата од диспензерот на шлаг.



Инаку станува збор за многу популарна француска фитнес блогерка која била и авантурист и имала 55.000 следбеници на Фејсбук, а дури 154.000 на Инстаграм.



Спрејот за шлаг кој ја предизвикал оваа бизарна несреќа функционира по принципот на вбризгување гас во метална кутија поради што целиот апарат се наоѓа под висок притисок.

Дека ваквите уреди не се безбедни со години наназад предупредуваат разни здруженија за заштита на потрошувачите. За неколку години, колку што се во продажба, продадени се 160.000 од овие апарати, од кои 25.000 биле вратени назад, пренесува BBC.


























No comments

Powered by Blogger.