Што е со времето? Во Италија торнадо на сред плажа, метар град во Шпанија, најстрашни сцени доаѓаат од регионот

Пишува: Точка

Олујното невреме кое претходните денови ја погоди Европа, зад себе оставило страшни сцени, додека временските појави се менуваат како на лента.

Од Шпанија пристигнале неверојатни фотографии и видеа каде по силното невреме на улиците останало до метар мраз. Најкритично било во Џирона, каде паднале огромни количина на дожд, проследени со град.

Кај италијанската провинција Кампања, над Тиренското море, имало торнадо кое носело се пред себе, и кревало огромни бранови.


Во исто време во Германија имало толку дожд што водата доаѓала до колена, а стотици подруми и гаражи биле поплавени.

Обилни дождови паѓале и во Букурешт, главниот град на Романија, каде денес сите патишта биле поплавени. На снимката која е објавена на Фејсбук, се гледаат автомобили кои возат низ водата на градските улици.




Катаклизма се случила и во Бугарија. Од местото Подем биле објавени снимки од диви поплави.

Неверојатна олуја ја погодила денес и Грција, каде паѓало и град.


Две седмици порано во Португалија избил страшен пожар во кој загинале неколку десетици луѓе, кога останале заробени на автопат во своите автомобили.

Неколку дена подоцна избиле големи пожари и во Шпанија, но за среќа не настрадал никој.

No comments

Powered by Blogger.