Берлускони искрен: „Кај Трамп најмногу ми се допаѓа Меланија“

Пишува: Точка

80 – годишниот Берлускони оваа недела повторно се врати на политичката сцена.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони вчера изјавил дека кај американскиот претседател Доналд Трамп најмногу му се допаѓа неговата сопруга Меланија.

Берлускони гостувал во емисија на приватната телевизиска станица “La7″, каде што водителот го прашал дали е поласкан од тоа што го споредуваат со Доналд Трамп.



„Не можам да кажам дека поради тоа се чувствувам вака или онака. Но, што се однесува до Трамп, можам да кажам дека, како и на многу мажи и жени, ми се допаѓа Меланија“, одговорил Берлускони.

Берлускони рекол дека Меланија Трамп му се допаѓа поради убавината, стилот и шармот.

Берлускони рекол дека никогаш не ја запознал Меланија Трамп, но дека ја видел на телевизија и дека „слушнал многу позитивни мислења“.



„Дури и демократите во Америка не ја критикуваат“, истакнал Берлускони, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Берлускони (80) оваа недела повторно се врати на политичката сцена, откако ја водеше кампањата за неговата партија „Форца Италија“ во пресрет на вториот круг на локалните избори во Италија, кои се одржуваат во недела.

No comments

Powered by Blogger.