Серија од експлозии на неколку автомобили-бомби: Голем напад на ИСИС кој го потресе цел Египет

Пишува: Точка

Како што пренесуваат египетските медуми, во еден од најсмртоносните напади во Египет досега, џихадистите на Исламската држава убија најмалку 26 египетски војници.

Најмалку 26 египетски војници загинаа во серија на напади со неколку автомобил-бомби на два воени пунктови на египетската армија сместени на просторот на северен Синај во текот на вчерашниот ден.

Станува збор за еден од најсмртоносните напади изведени на позициите на египетските безбедносни сили во последните неколку години.



Набрзо после нападите кои што го потресоа цел Египет, одговорноста за масакрот ја превзеде најозлогласената терористичка организација на денешницата - Исламската држава.

Да потсетиме, веќе со години исламските екстремисти оперираат низ ретко населениот простор на Синајскиот полуостров во Египет, а ситуацијата ескалираше откако од власт во 2011-та година беше симнат претседателот Хосни Мубарак. Во хаосот кој што следуваше дојде до значајно јакнење на исламистичките милитанти во Египет.



Токму на просторот на Синај, исламските екстремисти од 2013-та година до денес имаат убиено стотина египетски војници.

No comments

Powered by Blogger.