Што појадуваат моделите за да немаат вишок килограми?

Работата на моделите бара од нив постојано да се грижат и да го одржуваат своето тело во одлична форма.



Многу луѓе мислат дека за да го постигнат тоа, овие прекрасни девојки се постојано на строги диети и јадат само растенија и пијат вода.

Но, не е така. И тие имаат нормален оброк кој го практикуваат за појадок, а ние ви откриваме што најпознатите модели појадуваат и колку калории содржи оброкот.

Џиџи Хадид

Леб, јајца и млеко, се дел од секојдневниот појадок кој таа го има, а за да се ослободи од вишокот калории, практикува бокс.



Кендис Сванапул

Таа верува дека ако појадокот е добар, нема да има потреба од дополнителни меѓуоброци и грицки во текот на денот.



Миранда Кер

Таа го започнува денот со чаша топла вода и сок од лимон. Сепак, таа смета дека за да се одржи линијата, треба да се вежба.



Карли Клос

Покрај исхраната, нејзината тајна е во тоа што таа секој ден го менува типот на вежбање. Сепак, омилени ѝ се класичните танци.



Нина Агдал

Освен тоа што внесува многу малку калории за појадок, другото тајно оружје на оваа убавица е нејзиниот интензивен тренинг со елементи на војнички вежби.


Жизел Бундшен

Смути од лимон, краставица и лимон е нејзин специјален ритуал за почетокот на неделата, а од спортските активности, кунг фу часовите ѝ се омилени.



Дауцен Крус

Освен богатиот појадок, за пријатно чувство во телото, наутро таа консумира свежо цитрусно овошје.


Адријана Лима

За да го зацврсти имунитетот, моделот секој ден јаде 1 лажица мед. Појадокот ѝ е богат и хранлив, а од спортување практикува капуера.


Роузи Хантингтон-Вајтли

15 минути пред и после оброк, Роузи пие чаша вода, а пред главниот оброк, еднаш на ден јаде овошје за да ја намали гладта.


Ирина Шајк

Руската убавица обожава домашна храна и со задоволство вметнува во оброците чизкејк или палачинки. Во секој случај, секој грам што е вишок, го троши во теретана, со вежбање 5 пати неделно.

No comments

Powered by Blogger.