Поранешен германски агент открива: Еве што го спречува Западот да ѝ објави војна на Русија


Пишува: Точка

Поранешен агент на германската разузнавачка служба тврди дека Европа одамна ќе ѝ објавела војна на Русија доколку Русите не поседувале нуклеарно оружје.

„Западот одамна ќе започнеше војна против Русија доколку Русија не беше нуклеарна сила“, изјави поранешен раководител на германската разузнавачка служба ДНР, Вернер Гросман.

„Денес постои опасност од војна дури и во Европа и таа е насочена пред се против Русија. Доколку Рисите немаа нуклеарно оружје, војната веќе ќе беше започната“, изјави Гросман.

Тој додаде дека на Западот во последните неколку години се воочува силна „анти руска тенденција“. Поранешниот раководител на германската разузнавачка служба смета дека одбранбената политика на официјална Москва во ваквата новонастаната ситуација е исправна.



Според зборовите на поранешниог германски разузнавач, Русија се држи до еден основен принцип - ако сакаш мир, подготвувај се за војна.

„Кога сега би започнал еден вооружен конфликт, тој со себе би повлекол уништување на човештвото, затоа што голем број на земји можат да употребат нуклеарно оружје и тоа без контрола или некакво ограничување“, изјави Вернер Гросман.

Според неговите зборови, целите и интересите на владеачките кругови на Западот се немаат променето од времето на Студената војна и поради тоа повторно е актуелна политиката на конфликт со Москва.



„Нивните интереси и натаму се насочени кон исток. Доколку Русија го немаше наследено вооружувањето од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи го и нуклеарниот арсенал, војната најверојатно веќе ќе беше започната“, изјави тој и додаде дека ништо немало лошо во тоа што Русија го припоила Крим затоа што тој полуостров отсекогаш бил руски.

Тој смета дека според постапките на германските политичари кога станува збор за Русија, јасно е какви се намерите на Берлин, односно тој тврди дека германската политика кон Русија останала иста како од времето на Советскиот сојуз. Според него, Германија и натаму е лидер во Европската унија, како и во европското крило на НАТО.

„Разместувањето на војниците на НАТО Алијансата во балтичките земји, односно во близина на руските граници, јасно укажува на тоа за какви намери станува збор“, заклучи Гросман, пренесуваат германските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.