Русите се закануваат, Американците им се потсмеваат: Двојно повеќе летови и проширување на операциите на американските авиони

ПИШУВА: ТОЧКА

Американските воздушни сили на руските закани во Сирија реагираа со проширување на просторот на операции на нивните авиони и речиси двојно поголем број на летови.

Руското министерство за одбрана на 19-ти јуни порача дека будно ќе бидат следени сите авиони и дронови на американското воено воздухопловство на просторот на надзор на руските сили во Сирија.

Тоа беше реакција на Русите кои што беа бесни откако американските борбени авиони соборија авион на сириската армија во близина на Рака, а имаше и изјави на високи руски функционери кои што дури и порачаа дека секој американски воен авион и дрон во Сирија ќе биде мета за Русите.

Руски високи функционери од Кремљ порачаа дека тоа е „акт на агресија“ и „поддршка на тероризмот“, а поради соборувањето на сирискиот авион, Русите ги прекинаа специјалните канали за комуникација со американската воена команда на Блискиот исток кои што беа формирани за да бидат избегнати потенцијални инциденти на американски и руски авиони на небото над Сирија.



Многумина овие потези на очигледно нервозните Руси ги протолкуваа како отворена закана до Соединетите Американски Држави и американската армија која што оперира на Блискиот исток.

Но, се чини дека во меѓувреме Американците настојуваат да докажат пред светот дека тие вооошто не се грижат за никакви закани упатени од Москва.

Имено, во претходните денови авионите на американското воено воздухопловство беа фокусирани на градот Рака и околината, но после предупредувањето на Русија, САД ги прошири борбените операции на поголема територија, вклучувјаќи ги и Абу Камал, Деир Ез Зор и Палмира.



Покрај тоа, според руски извори, Американците не само што ја зголемиле областа на операции на нивните авиони, тие дури и во последниот период речиси двојно ги зголемиле летовите во Сирија, а со тоа и воздушните напади.

Тензиите помеѓу САД и Русија во Сирија повторно пораснаа откако Американците изведоа неколку напади на позициите на сириските владини сили, а посебно откако го соборија сирискиот воен авион за кој што тврдат дека ги напаѓал позициите на „СДФ“ борците кои што во близина на Рака се борат против Исламската држава

No comments

Powered by Blogger.