Северна Кореја првпат проговори по смртта на Ото Вармбјер: Ги отфрла обвинувањата дека била извршена било каква тортура врз него

ПИШУВА: ТОЧКА

Северна Кореја го објави својот прв одговор за третманот на Ото Вармбјер по неговата смрт во понеделникот.

Мистериозната држава управувана од диктатор негираше дека го мачела американскиот државјанин кој минатата година го уапси за крадење на постер со пропаганден материјал.

Вармбјер почина во понеделникот во болница во САД откако беше ослободен од севернокорејските власти но во кома.



Но, според KCNA, потпаролот на Националниот совет за помирување на Северна Кореја изјави: "Нашите релевантни агенции ги третираат сите криминалци кои извршиле злосторства против нашата република строго засновано врз домашните закони и интернационалните стандарди, а Вармбјер не беше третиран ништо поразлично"...

Агенцијата го обвини Сеул за оштетување на имиџот на Пјонгјанг со неговиот "клеветнички говор за суров третман и тортура" додека не знаеле ништо за "хуманитарниот" третман кој г-дин Вармбјер го добил во Северна Кореја.



Не беа дадени дополнителни детали за неговиот третман додека бил во притвор ниту пак зошто паднал во кома.

Еве фотографија од постерот со пропаганден материјал што Вамбјер се обидел да го украде од хотелот во кој што бил сместен и поради што беше обвинет и осуден на 15 години затвор во Северна Кореја.


No comments

Powered by Blogger.