Студентка почина откако земала екстази за прв пат во животот да го прослави завршувањето на универзитетските студии

Пишува: Точка

Студентка почина откако земала екстази за прв пат во животот заедно со пријателите додека биле на забава, прославувајќи го завшувањето на студиите.

22-годишната Џоана Барнс и нејзините пријатели платиле секој по седум фунти за MDMA таблетка за време на прославата на сојузот на студенти на Универзитетот Шефилд, изјавија нејзините пријатели.

Во раните часови на 7-ми јуни, Џоана и уште еден студент колабирале. Џоана починала подоцна тој ден, во попладневните часови, додека другиот студент се уште е во болница во сериозна но стабилна состојба - три недели подоцна - пренесува Mirror.

Пријателот на Џоана изјавил за полицијата "Тоа требаше да биде само еднократно, прво и последно опуштање по завршувањето на студиите", додавајќи дека Џоана, која штотуку дипломирала математика не била редовен корисник на дрога.



Друг пријател изјавил: "Како што се приближуваше крајот на семестарот ние сите се радувавме на крајот од нашето студирање и забавите кои следуваа по тој повод, вклучувајќи ја и таа која заврши кобно. Околу две недели претходно, се разврза тема на муабет "дрога" бидејќи некои од нас користат канабис и MDMA рекреативно, па некои од нив сакаа да пробаат MDMA..."

Нејзиното момче со скршено срце изјави: "Засекогаш ќе те сакам и ќе останеш во моето срце. Никогаш нема да те заборавам и би дал апсолутно сè што е во моја моќ кога би можела да ми се вратиш ... Доколку некој размислува да земе билокаков вид на дрога - немој. И точка. Таа ми го уништи животот земајќи го животот на мојата партнерка. Целосно сум скршен..."



Другиот неименуван студент, на возраст од 20 години, кој исто така земал таблетка MDMA бил пренесен во болница во критична состојба.

Шефовите на полицијата соопштија дека "големо количество" на дрога било запленето во клубот вечерта кога Џоана починала, шти ги натерало да побараат преглед на лиценцата на клубот.

23-годишно момче и 20-годишна девојка биле уапсени под сомнение дека ги снабдувале студентите со дрога и се привремено задржани додека трае понатамошната истрага.



Мајката на Џоана изјавила: "Џоана беше прекрасна млада жена со толку многу цели и амбиции на кои им се радуваше. Таа ќе им недостасува не само на семејството и пријателите туку и на сите оние кои ја познаваа"...

No comments

Powered by Blogger.