Меси се ожени со својата љубов од детството, а медиумите церемонијата ја опишуваат како "Венчавката на векот"

Пишува: Точка

Суперѕвездата на Барселона се венча со својата сакана од детството. И двајцата блескаа за време на прославата во нивниот роден град Росарио.

Прославата беше објавена како "венчавка на векот" од локалниот весник "Clarín".

На големиот ден на двојката присуствуваа и голем број од соиграчите на Меси, вклучувајќи го и Жерард Пике, кој беше придружуван од неговата сопруга Шакира, Луис Ауарез и Нејмар.

Се разбира, воздишките околу фустанот на Антонела се уште го обиколуваат светот, за кој се верува дека е дизајниран од свадбениот дизајнер Rosa Clara од Мадрид.



Тие двајца се запознале уште додека биле деца, пред Лионер да се пресели од Аргентина во Шпанија за да ја продолжи својата фудбалска кариера на 13 години.

Тие моментално живеат во Барселона со своте два сина, Тиаго и Матео.



Инаку имало тензии помеѓу семејството на Меси и неговата партнерка, 29, но тие заборавиле на нивната расправија пред свечената пригода.

Суперѕвездата Меси едноставно блескал уживајќи во специјалниот настан со над 250 блиски пријатели и семејството.







Беше објавено дека на гостите им било забрането да ги употребуваат своите мобилни телефони за време на целата церемонија, вработените на свадбата се заколнале дека се ќе остане таму и нема да се раскажува, а биле платени и повеќе од 450 полицајци за да внимаваат на ситуацијата.



Лионел Меси гордо чекори покрај својата невеста држејќи ја за рака.



Лионел Меси за своите гости издвоил кутија со подароци која го вклучува и неговото вино.






No comments

Powered by Blogger.