Таткото им ја исполнил желбата: Сакале базен, направил нешто генијално и го добиле

ПИШУВА: ТОЧКА

Копање на базен во дворот би било премногу скапа инвестиција, но овој татко добил генијална идеја како сите да го добијат она што го сакаат.

Доколку како малечки не сте имале базен, најверојатно цело лето сте го поминувале во дворот на оние другарчиња чии родители тоа можеле да си го приуштат. Па сепак, никогаш не сте престанале да ги молите родителите и вам да ви купат еден. Токму тоа го правеле децата на Хозе Франко Адимилсон - додека на крајот не попуштил. Копањето на базен во дворот би била превисока инвестиција, но Хозе Франко дошол до брилијатна идеја...



Прво купил монтажен базен и направил место за него во дворот.

Меѓутоа, овој поглед бил далеку од крајниот резултат кој Хозе го имал во глава. За да ги сокрие страничните делови на базенот и да го направи попристапен тој околу него изградил дрвена рамка.



Потоа, дрвената рамка ја прекрил со штици.



На крајот додал скалички за да го олесни пристапот до водата. Зарем ова не е најбрилијатната идеја некогаш до евтин но одличен базен во дворот? Сега сите деца од соседството ќе сакаат да пливаат во овој базен... сигурно и вие го посакавте ова во дворот, признајте.




No comments

Powered by Blogger.