Катар бара помош од сојузниците: Од САД ја очекуваме најголемата помош

Пишува: Точка

Катарските власти ги повикаа своите колеги од САД, како важен сојузник на Катар, да ја одиграат „клучната улога“ во решавањето на големата криза и спорот кој што оваа земја го има со своите соседи.

На почетокот на овој месец, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар и ја блокираа катарската држава копнено, поморски и воздушно, обвинувајќи ги катарските власти дека поддржуваат тероризам.

„Американската улога е клучна со оглед на тоа што сите страни во овој конфликт се сојузници на Вашингтон“, изјави катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.



Кувајт, уште една заливска земја, делува како посредник за решавање на големата криза - една од најсериозните кризи во Заливскиот регион во последните неколку години.

„Американската администрација има активна улога во давањето на поддршка на напорите на кувајтскиот емир, но е исто така ангажирана и на посредувањето меѓу сите страни“, изјави Мохамед во Арапскиот центар чие што седиште се наоѓа во Вашингтон.



Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа арапскиот бојкот на Катар, но државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон минатата седмица ги повика земјите да седнат на преговарачка маса и да ги решат проблемите.

„Американскиот претседател би требало да знае дека Катар не поддржува тероризам, а тоа ќе го знаел ако се консултирал со одделите на американската влада со кои што нашата држава соработува. Тие оддели ги знаат напорите кои што Катар ги вложува во борбата против тероризмот“, изјави шефот на катарската дипломатија.

No comments

Powered by Blogger.