Снимка од трагедијата: Ова е моментот на сообраќајката на Венус Вилијамс, која довела до трагедија

Пишува: Точка

Во јавноста, благодарение на порталот "TMZ", се појавила снимка од сообраќајната несреќа во која тениската ѕвезда Венус Вилијамс предизвикала автомобилска несреќа, во која загинало едно лице.

Според првобитното соопштение од полицијата во Палм Бич Гарденс, кое било објавено минатиот четврток, сведоците навеле дека Вилијамс минала на црвено светло на 9. јуни и го предизвикала судирот. Во таа несреќа бил повреден 78-годишниот Џером Барсон, кој починал две недели подоцна. 

Снимката, меѓутоа, покажала дека работите се одвивале поразлично. 

Славната тенисерка, имено, минала на зелено светло кога тргнала на раскрсницата, но сопрела на средината, поради едно возлило. Мислејќи дека веројатно за неа уште е зелено, а во меѓувреме се запалило црвено, таа тргнала да го мине другиот дел од раскрсницата. Тогаш од десната страна на нејзиниот автомобил налетало возило во кое бил несреќниот дедо. 

Со тоа возило управувала сопругата на Барсон, Линда, која по трагедијата на полицијата и раскажала дека не можела да сопре на време. Таа претрпела полесни повреди. 

Потсетуваме, адвокатот на Венус Вилијамс, Малколм Канингем рекол дека влегла со возилото во раскрсницата додека на семафорот било зелено, и дека возела со брзина од 10 километри на час.

No comments

Powered by Blogger.