Британски служби: "Брутални албански банди ја контролираат трговијата со дрога, за транспорт на кокаин главни се Србите и Турците"

ПИШУВА: Точка

Насилни албански банди имаат значајна контрола над трговијата со дрога во Велика Британија, додека Турците и Србите се главни за транспортот на кокаин преку море, пишува "BBC".

BBC тука се повикува на годишните проценки на природата и нивото на сериозниот и организиран криминал во Британија, кој го врши Националната агенција за борба против криминалот - "NCA".



Во извештајот се наведува дека српски и турски криминални групи се главни кога станува збор за "транспортот на кокаин преку море", додека турски и пакистански групи и натаму владеат со трговијата со хероин.



Меѓутоа, британската полиција посебно е загрижена поради "албанските криминални групи со големо влијание во организираниот криминал". Како што наведуваат, албанските банди имаат значајно влијание на пазарот со кокаин, а ги карактеризира подготвеноста на примена на "сериозно насилство". Главниот центар им е Лондон, но ги има ширум Британија.



Заменик директорот на NCA, Метју Хорн, рекол дека станува збор за "мала група по бројност, но голема по влијание".



Од NCA истакнуваат дека профитот од трговија со дрога останал прилично голем и покрај големите меѓународни акции. Како главна ранливост се истакнува корупцијата на пристаништата и аеродромите.



Исто така, се предупредува и на закана од сајбер криминал од земјите од руското говорно подрачје. Од NCA истакнуваат дека сајбер криминалот е потценет.

No comments

Powered by Blogger.