Нимиц во Скопје: Не носам предлог, тука сум да мислиме на напредок

Image result for matthew nimitz
ПИШУВА: НОВА ТВ

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв за можностите за решавање на спорот за името.

Тој во Македонија и регионот не бил повеќе од две години.

„Се надевам дека вниманието се враќа кон овие прашања. Тука сум да ја тестирам рецептивноста кај сите засегнати страни за сериозен напредок. Овојпат не носам нов предлог, вели Нимиц во интервју за емисијата 360 степени емитувано вчера.

Тој вели дека е добро и дава надеж тоа што новата влада испрати сигнали дека е подготвена да работи за добрососедските односи.

„Мислам дека ова е важен знак. Вие не можете да изгубите контакт со соседите. Можете да имате добри односи со луѓе на другиот крај на светот, со САД, со Кина, со Москва, но мора секогаш да имате добри односи со соседите“, рече Нимиц коментирајќи ја првата официјална посета на Министерот за надворешни работи.

Според прес службата на Обединетите нации, Нимиц е во Скопје на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.

No comments

Powered by Blogger.