Ако често јадете благо: Што му прават шеќерите на вашето тело?

На сите ни е познато дека консумирањето производи кои содржат многу шеќер е штетно за организмот. Може да доведе до зголемен холестерол, проблеми со забите и појава на кариес, дијабетес и други сериозни здравствени проблеми кои не смее да ги занемарите.



Во продолжение дознајте кои се штетните последици од шеќерот кои не смеете никако да ги занемарите, дури и да немате никакви симптоми.

Поттикнува воспаленија

Не случајно докторите предупредуваат да не внесуваме многу шеќер додека сме на антибиотици. Шеќерот создава поволна средина за размножување на бактериите и појава на воспаленија, акни, па дури и артритис.

Го забрзува стареењето

Живееме во време кога акцентот е ставен на естетиката и на тоа како изгледаме од надвор. Токму шеќерот е најголем непријател на изгледот на кожата. Повишеното ниво на шеќер во крвта го врзува колагенот одговорен за еластичност и младолик изглед на кожата.


Проблеми со срцето и појава на дијабетес

Последните истражувања покажаа дека јаглехидратите и шеќерите најмногу влијаат на зголемувањето на холестеролот, што е главен причинител за кардиоваскуларни заболувања и појава на дијабетес.

Ментални состојби

Докажано е дека шеќерот влијае на одредени ментални состојби, како на пример депресија, анксиозност, а во некои случаи и шизофренија. Ова се должи на фактот дека шеќерот го намалува излачувањето на хормони кои имаат врска со одредени психички состојби и процесите на учење и памтење.

No comments

Powered by Blogger.