Научниците од Харвард препорачуваат: Ако планирате потомство, бирајте многу помлад маж!

Пишува: Точка

Ако планирате да оформите семејство, истражувачите од универзитетот Харвард ви сугерираат тоа да го направите со маж којшто ќе биде значајно помлад од вас. А еве го и нивното образложение...

Нова студија базирана на 20.000 спроведени третмани за лечење на неплодност покажала дека жените коишто за партнер имаат помлад маж имале и значајно многу повисока стапка на успех од оние коишто крај себе имаат маж на слични години.

Зошто е тоа така? Спремата кај помладите мажи ја “зајакнува” јајце клетката кај повозрасната жена, додека пак е многу помалку веројатно дека тоа би го направил сперматозоидот од еден повозрасен маж.

Иако плодноста на жените се намалува со годините, староста кај мажите е и понатаму многу важен фактор.



Студијата којашто била предводена од Медицинската школа на Универзитетот Харвард опфатила 7.753 парови на возраст од 30 до 42 години коишто биле подложени на третмани за лечење на неплодност помеѓу 2000-та и 2014-та година.

Исто така било утврдено и дека жените чиишто партнери се значајно помлади од нив имаат многу поголеми шанси за успех. Поточно, жените на возраст помеѓу 35 и 40 години а кои крај себе имаат партнер помлад од 30 години имале за 30 отсто поголем успех од жените чиишто партнери се на приближна возраст.

Меѓутоа, за жените коишто имаат повеќе од 40 години, годините на партнерот сепак немаат никаква улога во целата оваа приказна.

No comments

Powered by Blogger.