Најзгодниот затвореник на светот повторно во центарот на вниманието, но овој пат поради една богата наследничка

Пишува: Точка

33-годишниот Џереми Микс станал познат меѓу жените ширум светот како најзгоден затвореник, кој по ослободувањето, ја продолжил својата кариера, но на модните писти. Во центарот на вниманието сега се нашол бидејќи се забавува со милијардерката Клои Грин.

Заљубениот пар оваа недела бил забележан на луксузна јахта во текот на крстарењето по Медитеранот. Со оглед на тоа дека Џереми и натаму е оженет со Мелиса, со која има две деца, оваа вест и фотографиите ја шокирале јавноста, пишува Daily Mail.



Клои инаку е наследничка на трговското царство "Sir Philip Green", кое вреди 3,8 милијарди фунти. По појавувањето на фотографиите на кои парот разменува нежност, Клио објавила една фотографија со Џереми на Инстаграм и напишала: "Само почеток...Ја цениме сета омраза и сета љубов".



Џереми инаку бил член на банда и бил осуден за поседување на пиштол, а затворен бил на две години. Ослободен бил во 2016. година, а само неколку месеци подоцна станал еден од најплатените модели.




No comments

Powered by Blogger.