Шест месеци бил на носач на авиони: Морнар останал во шок кога дознал што крие сопругата од него

ПИШУВА: ТОЧКА

Наташа Догерти од Калифорнија, на својот сопруг му приредила невиден дочек кога се вратил од војска.

Тој шест месеци минал на американскиот носач на авиони "Карл Винсон", а неговата сопруга една седмица по заминувањето на сопругот Крис на мисија дознала дека е бремена со четврто дете. Меѓутоа, одлучила тоа да му го соопшти во живо, а не преку телефон.

Среќните вести американскиот морнар ги дознал на 23. јуни, кога неговиот брод пристигнал на пристаништето во Сан Диего. Овој дочек бил снимен и објавен на Фејсбук.

На снимката се гледа како во неговата прегратка трчаат неговите три деца, а сопругата Наташа држела пред себе транспарент со натпис "Welcome Home, Baby Daddy".

Дури кога и пришол на сопругата таа го спуштила натписот, а сопругот неколку секудни останал збунет и гледал во неа. Тогаш со прстот ја боцнал по стомакот прашувајќи се дали е вистински. Кога сфатил дека неговата сопруга е навистина бремена, ја прегрнал и бакнал.

"Бев збунет па ја боцнав, бидејќи не бев сигурен дали сака само да ме измами, или навистина е бремена", рекол подоцна гордиот татко, кој е среќен поради приновата.

Наташа рекла дека тоа е момент што ќе го памети цел живот. Кога му праќала семејни фотографии додека бил на брод, бремената Наташа го криела стомакот зад другите деца, за нејзиниот сопруг да не се посомнева.

No comments

Powered by Blogger.