Паника во популарната Мајорка: Никогаш плажата не се испразнила толку брзо

Пишува: Точка

Плажата во популарното туристичко летувалиште на Мајорка накратко била затворена во неделата, откако ајкула внесла тотален хаос меѓу пливачите кои панично почнале да бегаат од водата.

Ајкула со должина од 2,5 метри била забележена во плитките води во местото Илетас во близина на Магалуф.

Чуварите на плажата веднаш издале предупредување и почнале да викаат: "Сите излезете од вода".

"Да, тоа е ајкула. Никогаш не сум видела плажа да се испразни толку брзо", напишал еден турист на Твитер.



Припадниците на цивилната гарда вовеле надзор на тоа подрачје неколку часа по немилиот инцидент, за да бидат сигурни дека ајкулата нема повторно да се појави. Сепак, повторно се појавила, па плажата била затворена некое време.

Плажата повторно била отворена во текот на денот, меѓутоа спасувачките служби вовеле ограничување за движење во морето.

No comments

Powered by Blogger.