Монструозно злосторство на џихадист: Само што го изеде својот едногодишен син!

ПИШУВА: ТОЧКА

Била сексуална робинка на Исламската држава, и без да знае го јадела своето 1-годишно дете.

Исламистите сметаат дека Јазидите, кои не се ни Арапи ни муслимани, се приврзаници на ѓаволот, па вршеле ужасни злосторства против ова малцинство во Ирак, масакрирале илјадници луѓе и киднапирале жени и деца како сексуални робови. Тоа е една од главните причини за страшното малтретирање на сиротите жени.

Бруталните џихадисти го испекле и ѝ го сервирале на несреќната жена нејзиното дете со ориз, откако ја изгладнувале три дена, тврди ирачки политичар.


Жената умирала од глад, откако со денови била заробена во подрум без храна и вода, пренесува Daily Mail.

"Една од жените кои успеавме да ги ослободиме од џихадистите рече дека била држена во подрум три дена без храна и вода. Потоа ѝ дале порција ориз и месо. Јадела бидејќи била многу гладна", рекла Виан Дакхил, ирачка парламентарка. Кога го изела оброкот, ѝ откриле што имала за ручек.

"Само што го изеде својот 1-годишен син кој ти го зготвивме", ѝ соопштиле монструмите од ИСИС.

Меѓутоа, Дакхил ги открила и други ѕверства кои ги вршела екстремистичката група,. Открила дека 10-годишно девојче било силувано пред смртта пред очите на својот татко.

Кога ИСИС минал низ северен Ирак пред 3 години, извршил масакр против малцинството, што во ОН било окарактеризирано како геноцид. Џихадистите во 2014. година заробувале жени Јазиди и ги претворале во сексуални робинки. Се верува дека околу 3.000 жени останале во заробеништво.

No comments

Powered by Blogger.