Се појави видео од инцидентот над Балтикот: Погледнете како рускиот борбен авион му го покажува оружјето на авионот на НАТО

ПИШУВА: ТОЧКА

Во текот на вчерашниот ден, авион на НАТО му се приближил на авионот во кој летал рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу кон руската енклава Калининград меѓу Литванија и Полска.

Авионите на НАТО Алијансата го следеле авионот на рускиот министер и на неговото враќање од Калининград, но овој пат биле на поголемо растојание од руското летало и воопшто не се обиделе да се приближат, раскажува дописник на „РИА Новости“.

Рускиот министер за одбрана во Калининград одржал седница на воениот колегиум посветен на прашањата околу безбедноста во Западниот стратешки правец.

Сепак, при неговото пристигнување дошло до мал инцидент кога авион на НАТО Алијансата се приближил на опасна оддалеченост од авионот на Шојгу. Денес објавено е видео на кое може да се види како авионот на НАТО лета во близина на авионот во кој што се наоѓа рускиот министер, но во меѓувреме долетува еден руски авион Су-27 меѓу авионот на Шојгу и Ф-16 авионот на НАТО.

Пилотот на рускиот борбен авион му се приближува на авионот на НАТО, а потоа го завртува авионот за да му го покаже оружјето и да го предупреди пилотот да се оддалечи, по што се повлекува назад.

No comments

Powered by Blogger.