По прв пат во историјата протекле снимки од тортура во севернокорејски затвор: Тоа што ќе го видите го нема ни на хорор филм

ПИШУВА: ТОЧКА

Во јавност неодамна се појавиле снимки од севернокорејски затвор, во кој се гледа како затворениците по мачењето признаваат злосторства кои не ги извршиле.

На снимката се гледа претепување и мачење на маж, а во вториот дел е прикажано претепување на жена која е обвинета за секс со мажи од Кина и од Јужна Кореја, пишува News.com, пренесува Independent.

Како што се наведува, американскиот студент Ото Вормбир, умрел минатата седмица откако бил префрлен во САД во кома, и откако 17 месеци минал во затвор поради обвинение дека украл пропаганден материјал во Пјонгјанг.

Иако уште не е откриено како Вормбир паднал во кома, бруталните претепувања на снимката од 2012. година покажуваат како во притворите и затворите нема милост кон затворениците.

Лекарите во Вирџинија потврдиле дека Вормбир претрпел сериозни повреди на мозокот и се сомневаат дека настанале како последица од кардиопулмонален застој кој го прекинал дотокот на крв во мозокот, што се случило додека бил во притвор.
Северна Кореја ги отфрлила обвиненијата за злоставување на Вормбир додека бил во притвор и во извештајот го осудила "нетемелното мислење според кое умрел од мачење и злоставување".

No comments

Powered by Blogger.