Вознемирувачко видео: Двајца туристи од Бостон брутално претепани во Њу Орлеанс

Пишува: Точка

Во саботата во француска населба во Њу Орлеанс нападнати биле двајца мажи, пишува "Fox News".

"Станува збор за брутално претепување на двајца туристи од Бостон. Еден од напаѓачите е 18-годишниот Џошуа Симонс, кој бил уапсен поради напад и разбојништво и му се заканува максимална казна од 40 години затвор", било соопштено од полицијата.


Дежон Пол, 21-годишно момче кое било со Симонс, се предало во полицијата уште во понеделникот. Соопштено е како Пол го нападнал мажот кој сега е во критична состојба.



Во снимките од видео надзор се гледа Пол како удира еден од двајцата мажи. Откако го соборил на земја, му ги празни џебовите. Вториот нападнат маж минал со полесни повреди.



Ограбените мажи, жртви на овој напад, се Џејмс Куран и ТИм Бурн. Од Бостон дошле на состанок на либералната верска заедица. Бурн по нападот бил хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба.



Останатите мажи кои подоцна дотрчале биле идентификувани како 18-годишнито Николас Полговски и 20-годишниот Рашас Пајпер. Осомничени се за разбојништво и напад.

No comments

Powered by Blogger.