Заев со порака до Зврлевски: Уште утре да си поднесеш оставка

 Пишува: Toчка

Новиот премиер на Република Македонија, Зоран Заев порача дека итно се потребни реформи во правосудството и нагласи дека очекува Зврлевски уште утре да си поднесе оставка.

„Една од причините поради кои што не ни чини правосудството е државниот јавен обвинител. Јас се надевам, почетокот на реформите можеме да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка“, изјави Зоран Заев за јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Утре ја очекувам неговата оставка“, порача новиот премиер за Телевизија 24, укажувајќи на тоа дека јавниот обвинител се избира и разрешува по предлог на Влада и парламентот го избира јавниот обвинител по предлог на влада.

„Од тој аспект, јас навистина апелирирам да ги забрза процесите и да си поднесе оставка господинот Марко Зврлевски“, порача Зоран Заев.

No comments

Powered by Blogger.