Apple бара помош од Samsung за доставување на 3D NAND технологијата кај iPhone 8!

Apple планира да достави 224.7 милиони iPhone единици до крајот на годината, од кои само 50 до 60 милиони ќе бидат iPhone 8 единици. Покрај долгоочекуваниот iPhone 8, компанијата планира да претстави уште два нови iPhone 7 модели...



Според новите изјави, SK Hynx и Toshiba, двете компании-снабдувачи на 3D NAND технологијата, наишле на потешкотии при производството на NAND чиповите за новиот iPhone. Наводно, компаниите успеале да произведат само 30% од потребната количина досега. И, што правите кога помала продавница го нема производот што го барате? Нормално, одите во поголема.

Поради тоа, Apple повторно бара помош од Samsung, за снабдување со NAND чипови за новите смартфони. Инаку, NAND чиповите технички се хард дискот на вашиот смартфон. 3D NAND е софистицирана, но не широкодостапна форма на чип, каде мемориските ќелии се наредени една над друга, овозможувајќи поголем капацитет на скалдирање, без да заземат повеќе физички простор на вашиот телефон.

Galaxy S6 беше првиот телефон со ваквата технологија, а потоа чиповите се најдоа и во iPhone 7.

No comments

Powered by Blogger.