Airbnb: Најпопуларните туристички дестинации за 2017. година

Пишува: Точка

На самиот врв на листата се најдоа многу приморски градови, што не е изненадувачки факт бидејќи сепак се работи за летна сезона.

10. Росарито, Мексико – 231% поголем број на резервации во однос на претходната година

Сместен на неколку километри од границата со Америка, Росарито има градска плажа со луксузни одмаралишта и ресторани со морски специјалитети.

9. Дестин, Флорида – 232%

Овој град на Флорида е популарна пролетна дестинација и место кое луѓето често го одбираат за летен одмор. Посетителите можат да уживаат во голф и светлосината вода на Мексичкиот залив.

8. Островот на принц Едвард – 243%

Место познато по преубавите плажи, светилниците и чудесните градови.

7. Скарброу, Англија – 258%


Скарброу привлекува посебно внимание, благодарение на интересната култура.



6. Ханои, Виетнам – 261%

Главниот град на Виетнам има богата повеќевековна култура, улични маркети, привлечна архитектура и интересна уметност поради што расте бројот на туристи.

5. Џохор Бахру, Малезија – 262%

Иако долго време се сметал за хаотичен град, Џохор Бахру во последните неколку години е “препороден”. Туристите особено ги посетуваат бројните музеи, храмови и кафетерии.





4. Леванто, Италија – 313%

Место кое е познато по дворците и преубавата планинска локација од која се пружа неверојатен поглед.

3. Тајнан, Тајван – 424%

Храмовите и тврдините во овој град се нешто кое туристите не треба да го пропуштат.

2. Салоу, Шпанија – 463%

Познато по мирните плажи, ова место е идеално за семеен одмор.

1. Ла Сјота, Франција – 675%

Романтично место на Азурниот брег, кое е дом на историскиот театар “Еден”, најстарото кино на светот.

No comments

Powered by Blogger.