Се нашол на сред Атлантски океан без храна и вода: Приказната за човекот кој преживеал 76 дена на отворено море ќе ве научи на важна лекција

Пишува: Точка

Приказната за Стивен Калахан, кој чудесно преживеал 76 дена на отворено море, без храна и вода, е инспиративна на многу начини. Неговиот потфат бил тема на многу документарци, книги и филмови, а сите се прашувале како му тргнало тоа од рака.

Како започнало?

Кога минувал низ тешка фаза од својот живот, решил малку да побегне од се, посебно по разводот. Направил план да пропатува низ светот со својот брод, кое лично го дизајнирал и го нарекол "Наполеон Соло".

Епското патување започнало во 1981. година од Њупорт на Роуд Ајленд, од каде тргнал кон островот Бермуда и подоцна кон Англија каде што безбедно пристигнал.



Од пристаништето Корнвол сакал да тргне кон Антигва во рамките на една трка со поморци, меѓутоа ја напуштил трката кај Шпанија. Поради лошото време, неколку бродови биле потопени, а и самиот "Наполеон" бил видно оштетен.

Успеал се да поправи и во јануари 1982. година, Калахан од Канарските острови тргнал кон Антигва. По една недела, неговото пловило најверојатно удрило во кит, што довело до големо оштетување на бродот. Калахан одвај успеал да се спаси со помош на мал чамец за спасување, додека "Наполеон" тонел. Сепак, пред целосно да се најде под вода, Калахан успеал да извлече пиштол, соларен дестилар и уште неколку работи за кои сметал дека може да му помогнат.

Бил на сред Атлантскиот океан, во мал гумен чамец за спасување, без храна и никаква ориентација.




Изненадувачки, не паничел многу или пак паниката во неговиот случај помогнала да ги разбуди своите инстинкти за преживување.

Сакал да осмисли некаков механизам за да ја прочисти водата, а тоа го направил расклопувајќи го дестиларот, во обид да дознае на кој начин функционира тој уред.



Со помош на садовите кои ги имал собирал вода. Успеал да улови неколку птици и риби со помош на копје, а ги јадел живи бидејќи немал друг избор.

По 14 дена забележал брод. Пукнал од сигналниот пиштол, но никој не го забележал. Тогаш влегол во поголема депресија и почнал да губи надеж дека ќе преживее.



Во меѓувреме го оштетил и чамецот ловејќи риба. Ситуацијата станувала посериозна, а помош немало на видик.

По 75 дена на отворено море Калахан забележал светло на островот Галанте, кој се наоѓа јужно од Гвадалупе, мал архипелаг во Антилите.

Преживеал, но дури по неколку недели успеал да застане на нозе и нормално да оди.



Приказната за Калахан им послужила на многумина како пример дека силата на волјата и позитивниот став имаат голема улога во нашите животи.

No comments

Powered by Blogger.