Се омажи наследничката на империјата Сваровски: Погледнете како изгледа венчаницата од 700.000 фунти со 500.000 кристали

ПИШУВА: ТОЧКА

Викторија Сваровски е наследничка на империјата Сваровски, а во Австрија исто така е позната пејачка. Таа овој викенд се омажи за своето долгогодишно момче, Вернер Мирз во Трст, Италија.


Свадбата била преполна со дијаманти и .. се разбира, Сваросвки кристали.



Сепак, венчаницата на Викторија Сваровски е она за кое најмногу се пишуваше во медиумите. Фустанот е тежок 46 килограми, а на него биле вметнати неверојатни пола милион Сваровски кристали. Тој чини 700.000 фунти.



Кога сте наследничка на кристално богатство, тешко е да се замисли дека вашата свадба ќе биде нешто помалку од спектакуларна. 23 годишната Викторија Сварсовски се омажи со претприемач од Минхен, Вернер Мирз, кој инаку е нејзино долгогодишно момче, во тридневна церемонија во Портопиколо, Италија.





Ќерката на Пол Сваровски се венча во луксузниот хотел со пет ѕвездички, Фалисија, пред 250 блиски пријатели и роднини. За изработката на нејзиниот елегантен и раскошен фустан заслужен е дизајнерот од Дубаи, Мајкл Синко.

Уживајте во фотографиите.
















































No comments

Powered by Blogger.