64-годишната прва дама ги разбесни Французите: „Се облекува крајно несоодветно“

Пишува: Точка

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, секојдневно докажува дека жените можат цел живот да носат мини здолништа без да се оптоваруваат со годините. Со своите 64 години, оваа поранешна професорка и сопруга на претседателот Емануел Макрон не се оптоварува со туѓите мислења, па во свечените прилики често облекува фустани кои досегаат високо над колената.



Сопругата на францускиот претседател, како што веќе добро знаеме, е 24 години постара од својот сопруг, а нејзините ќерки се малку помлади од него. Иако на почетокот тоа ја забавуваше француската (но, и светската) јавност, разликата во години ја засени склоноста на Брижит кон мини здолништа, поради која сега во Франција се води дебата дали здолништата кои се околу 15 сантиметри над колената, се примерни за нејзината позиција и возраст.



Дебатата особено се „вжештила“ откако познатата Французинка позирала со останатите први дами, вклучувајќи ја и Меланија Трамп, а само нејзе на фотографијата и` се гледале колената. Брижит сака да го одржува младешкиот изглед, а мини здолништата многу и` помагаат во тоа.



Интересно е тоа што Коко Шанел, која Французинките ја сметаат за модна икона, била строго против покажувањето на колената, бидејќи ги сметала за најгрдиот дел од женското тело.



Британски „Вог“ пишува дека модниот стил на Брижит Макрон отскокнува од типичниот стил на облекување на Французинките и жените во 60-тите години, а поради тоа што не се оптоварува со туѓите мислења, е ценета од страна на модната јавност.


No comments

Powered by Blogger.