Оливер Спасовки (МВР) ѝ го покажа на македонската јавност "мерцедесот" од 600.000 евра

Пишува: Точка

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го покажа мерцедесот набавен од неговата претходничка Гордана Јанкулоска во 2012 година за речиси 600.000 евра.

Прашан што ќе прави со мерцедесот, Заев рече дека тој ќе се користи за странски делегации, нема да го користи ниту тој ниту министрите.




"Ако го продаваме, тој чини 585 илјади евра. Можеме да го продадеме околу 400 илјади. Многу губиме. Затоа одлучивме тој да се користи за потребите на меѓународни делегации. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓа скапиот мерцедес", изјави премиерот Заев.

Инаку станува збор за истрагата на Специјалното јавно обвинителство кое ја има покренато за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски. На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка "Тенк", во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година за набавка на "специјално возило" кое било наменето за користење на екс-премиерот Груевски.



Министерот за внатрешни работи во брифинг со новинарите, кажа дека "мерцедесот" има поминато 57 илјади километри, а најчеста релација му била до Пробиштип, односно до оваа десетинација се патувало 4-5 пати месечно. Спасовски посочува дека гумите треба да се менуваат на 15 илјади километри, а бидејќи тие се отпорни на огнено оружје, четири гуми за ова возило чинат над 20.000 евра. Според министерот, ако не се набавелo ова возило, МВР ќе можело да купи над 25 возила "Шкода јети" кои ги користи полицијата.

No comments

Powered by Blogger.