7 мртви во Лондон, 50-тина повредени, напаѓачите убиени (ФОТО+ВИДЕО)

Counter-terrorism special forces are seen at London Bridge on June 3, 2017 in London.

Седум лица се убиени, а најмалку 48 се повредени во терористичките напади во Лондон, во кои тројца машки напаѓачи се убиени од полицијата, јави Би-би-си.

Бело комби удрило во пешаци на Лондонскиот мост вчера околу 23 часот, а потоа излегле тројца мажи и почнале со ножеви да бодат луѓе на околниот пазар.

Полицијата соопшти дека трите лица носеле лажни самоубиствени елеци.

Еден од повредените е полицаец што бил прободен со нож откако тргнал да помага. Неговите повреди не се опасни по живот.

Полицијата била повикана и за трет инцидент, напад со нож во Воксхол, но тој не е поврзан со настаните околу Лондонскиот мост, објави Гардијан.

Конзервативците ја одложија кампањата за парламентарните избори, а премиерката свика состанок на владината комисија за итни случаи Кобра.
Тереза Меј ги опиша саботните напади како „страшни“, додека лидерот на лабуристите Џереми Корбин ги нарече „брутални и шокантни“.
Лондонскиот градоначалник Садик Кан рече дека ова е „смислен и кукавички напад врз невини лондонци“, но дека тој останува „најсигурниот град во светот“, а лондонци нема да бидат заплашени од тероризмот.


Повеќе од 80 медицински лица биле испратени на местото на настанот, а повредените, од некои се во критична состојба, сега се лечат во пет болници во главниот град.

Помошник-комесарот на Митрополитен полицијата Марк Роули рече дека во моментов се верува дека имало само тројца напаѓачи, а дека експлозивните елеци што тие ги носеле биле „лажни“.

„Ова го третираме како терористички инцидент и веќе е во тек целосна истрага“, додаде тој.

„Тие трчаа и викаа: 'Ова е за Алах'. Избодеа една девојка можеби 10 пати, 15 пати. Таа викаше, 'Помогнете ми, помогнете ми'“, вели еден сведок.

Се слушнале и истрели во областа, а еден корисник на социјалните медиуми објави фотографија на која се гледа еден од напаѓачите лежи на земја пред паб во пазарот за храна, а полицијата рече дека бомбашкиот елек врзан за неговото тело е лажен.


Тим за деактивирање бомби подоцна бил повикан на пазарот, а на локалните жители им е кажано да не ги напуштаат своите домови.

Ова е трет терористички напад во Велика Британија во последните три месеци по нападот со автомобил и нож во Вестминстер во март, во кој загинаа пет лица, и бомбашкиот напад во Манчестер пред помалку од две недели, во кој 22 луѓе беа убиени.

No comments

Powered by Blogger.