Неверојатно откритие: Пронајдени остатоци од џинови во Кина - стари 5.000 години

Пишува: Точка

Археолозите веќе една година истражуваат остатоци од 104 куќи, 205 гробници и 20 жртвени олтари на локалитет од доцниот неолит во близина на градот Јинан, престолнина на провинцијата Шандонг.

Кинеските археолози на истокот на земјата пронашле човекови скелети стари 5.000 години, кои, со оглед на времето во кое живееле, "се необично високи и јаки". 


Мерењето на коските во гробовите во провинцијата Шандонг, покажало дека висината на еден од нив била 1,9 метри, а на останатите 1,8 метри, пренесува кинеската агенција "Sinhua". 


Научниците сметаат дека тие лица, ако се има во предвид времето кога живееле, биле џинови. 


На основа на овие наоди, повисоките луѓе биле пронајдени во поголемите гробници, најверојатно бидејќи имале поголем социјален статус и можеле да обезбедат подобра храна. 


Се претпоставува дека локалитетот на кој биле пронајдени остатоците од "џиновите" бил политички, економски и културен центар на северниот дел од провинцијата Шандонг. 

Просечната висина на денешните жители на тој крај изнесува 1,75 метри.

No comments

Powered by Blogger.