Се сеќавате ли на Дана Вулин која била полеана со киселина? По 5 години целосно се променила...

Пишува: Точка

"Сакам максимално да уживам во животот. Одбрав да живеам и одбрав среќа".

"Никогаш не ни сонував дека ќе изгледам како претходно", рекла 31-годишната Дана Вулин, на која пред пет години и се случила страшна несреќа, кога љубоморна жена и фрлила киселина во лице, по што 65 проценти од кожата на телото и изгорела.



Австралијката со српско потекло, Дана Вулин, во 2012. година била запалена во Перт од Натали Димитровска, која се посомневала дека Дана е во врска со нејзиниот поранешен сопруг, па решила да и се одмазди.



Прекрасната Дана по страшните изгореници и лузни, имала повеќе од 200 пластични и корективни операции, а три години и носела маска, која и била неопходна за побрзо зараснување на раните.



"Се надевав и се молев повторно да бидам таа старата, но мислев дека е невозможно моето лице повторно да изгледа убаво. Сега се сакам повеќе отколку пред несреќата", признала Дана.



Таа минала преку неверојатна борба од тој 16. февруари 2012. година, кога Натали ја полила со алкохолна супстанца а потоа и запалила и ѝ нанела изгореници од трет степен.



"Сакам да уживам во животот максимално. Одбрав да живеам и одбрав среќа. Натали повеќе не ме интересира, бидејќи нема никаква моќ над мене, а немам ни енергија да ја мразам", вели оваа храбра жена.



Дана од тогаш секоја година се состанува со своето семејство на денот на нападот, за да го прослават фактот дека е уште жива.

Покрај тоа што сега е исто убава како претходно, Дана држи мотивациски говори за луѓе кои патат од трауми по несреќи или го мразат сопственото тело.


Бидејќи добро и оди во кариерата, таа исто така почнала да излегува во момчиња и живее активен социјален живот.



"Поради лузните од изгорениците не можев да се бакнувам, бидејќи мускулите на лицето не ми работеа во полна функција, така што имам многу да надоместам што пропуштив минатите пет години", вели таа.

Дана за своето животно искуство ја напишала и автобиографијата "Вреди за борбата", која ќе биде објавена во август, пишува Daily Mail.

No comments

Powered by Blogger.